Се работи за пар на 26 и 24 годишна возраст, кој според докторите биле многу здрави и редовно имале секс, но и покрај тоа четири години сопругата не можела да затрудни.
Работата почнала да се разјаснува кога сопругата се пожалила дека секој пат кога имаат секс тоа обично е болно искуство за нејзе. Врз основа на овие симптоми, прво нешто на што се посомневаат докторите е дека таа има некакво гинеколошко заболување.
Кога тргнале да тестираат за ова, тие сфаќаат дека жената се уште е девица.
Тогаш следува и клучното откритие кое ја покрива и неплодноста и упорно болното искуство - парот цело време имале анален секс.
На одење од преглед, докторката им дава насоки на двајцата што поточно треба да прават за тоа што сакаат да го постигнат. За некој месец тие дојавуваат дека советите успеале.