Јужнокорејските власти по неколку години држење до забраната за увоз ја укинаа одлуката по основа дека таа била мешање во приватниот живот на граѓаните. По ново во земјата е дозволен увоз на секс-кукли со полнолетен изглед. Куклите кои наликуваат на деца и малолетници и понатаму остануваат забранети.
Куклите беа забранети во 2018, а од тогаш тамошната царина запленува илјадници кукли кои требало да влезат на јужнокорејскиот пазар.
Увозот на секс-куклите беше блокиран со закон кој забранува предмети што се сметаат за штетни за јужнокорејските традиции и јавен морал.
Во 2019 Врховниот суд на земјата ја поддржа одлуката дека секс-куклите се за лична употреба, и потпаѓаат под иста категорија како и порнографијата, која е строго регулирана во земјата, но сепак е легална.
По укинувањето на забраната увозниците ќе може да ги подигнат своите кукли од царина. Освен малолетници, останува забраната за увоз на кукли кои наликуваат на вистински луѓе или ѕвезди.