
XXX платформата OnlyFans, доживува вистински бум во сите параметри: приходи, содржини и број на корисници. Над 4 милиони „креатори“ продаваат содржина - вклучувајќи слики, видеа и персонализирани разговори - на над 300 милиони претплатници, нагалено наречени „фанови“.
Тоа е првенствено страница за секс, а тврдењата дека платформата не е порнографија обично се терцираат со намигнување.
Онлифанс задржува 20% од она што корисниците го плаќаат, и во 2003 година имаа приходи од 1,3 милијарди долари.
Тоа е профитабилен модел за монетизација на порнографијата, но платформата штотуку наиде на правна пречка, во многу неочекувана земја.
Шведска, која во 1971 година стана втората земја во светот што формално ги легализираше сите форми на порнографија, не беше толку мека кон проституцијата. Во 1999 година, земјата го криминализираше купувањето секс (не и продажбата), во обид да ги заштити ранливите жени од строги правни последици.
Таа политика сега ќе се применува во виртуелниот свет.
Од ова лето, Швеѓаните би можеле да се соочат со затворска казна до една година за плаќање некому за персонализирани онлајн сексуални услуги, вклучувајќи секстинг и видео содржини. Новиот закон, исто така, го криминализира промовирањето или профитирањето од други кои вршат сексуални дејствија за плаќање он деманд.
Зачудува што ваков закон е донесен со широка партиска поддршка во земја која е многуповеќе позната по своите слободи отколку по пуританството.
Во суштина, Онлифанс е принуден да згасне во Шведска.
Сопственик на бизнисот е Fenix International Limited, фирма со седиште во Лондон која стравува вакво решение да не се реплицира во САД бидејќи околу една четвртина од креаторите на содржини на страницата се Американки, а речиси две третини од приходите на платформата се генерираат во САД.
Во 2018 година, Доналд Трамп го потпиша законот FOSTA-SESTA кој им даде на федералните и државните обвинители поголеми овластувања да ги гонат веб-страниците на кои се продава секс, но со него главно се таргетираат трговците со луѓе кои го користат интернетот како алатка за регрутирање, додека шведскиот закон забранува купување виртуелна проституција.
1,4 милиони Американки „работат“ на Онлифанс. Од нив, 1,2 милиони се на возраст од 18 до 24 години. Тоа е женска старосна група која во САД брои 10 милиони. Не треба голема математика за да се сфати дека 10 посто од младите девојки во Америка се на Онлифанс. - во Иднината на младите Американки
Огромна е тоа империја, и во пари и во број на луѓе кои гравитираат околу тие цицки и газови кои се основните ресурси на царството. Заработуваат повеќе од НБА, имаат двојно поголем буџет од Обединетите нации а најкутри се мажите. Оние хетеросексуалните. - во Империјата наречена Онлифанс