Империјата наречена Онлифанс

Огромна е тоа империја, и во пари и во број на луѓе кои гравитираат околу тие цицки и газови кои се основните ресурси на царството. Заработуваат повеќе од НБА, имаат двојно поголем буџет од Обединетите нации а најкутри се мажите. Оние хетеросексуалните.

Вкупната заработка на 'креаторите на содржини' на Онлифанс е поголема од заработката на целокупниот НБА ростер.

Тој бизнис генерира поголем приход од Ферари, Ламборгини, Прада, Бургер Кинг или УФЦ. Двојно повеќе од вкупниот буџет на Обединетите нации.

Една од ѕвездите, Корина Копф, има заработено 67 милиони долари за три години.

Како и во генералната распределба на богатството на оваа планета, и на Онлифанс е сјајно само во горното парченце од табелата. Најдобрите 10% од креаторите собираат 73% од сите приходи, додека првите 1% собираат речиси една третина од сите приходи. Ако не сте во првите 1 посто, нема леб да се најадете.

Бројот на фанови на Онлифанс кои имаат сметки го надминува населениетo на Нигерија, Пакистан, Русија или Бразил. Постојат само 4 милиони создавачи наспроти 300 милиони сметки на обожаватели, што резултира со сооднос 75 мастурбатори на еден „производител“. Поголемиот дел од фановите се помлади мажи.

Фамозниот „gender pay gap“ на Онлифанс е комплетно обратен. Мажите заработуваат 73% помалку од жените. Само 5% од топ 100 креатори се машки. Машките геј креатори заработуваат 650% повеќе од хетеросексуалните.

Да се билда публика органски на Онлифанс е ужасно тешко. Еден од најсигурните начини за успех е претходно да се има популарност на други платформи па потоа тоа да се уновчи на Онлифанс.

Структурата на приходите изгледа вака:

Ако баш апла немате идеја што значи она „контент креатори“ на Онлифанс, во прилично чедна форма тоа изгледа вака:

 

11 октомври 2024 - 10:23