По ново, Џон Хопкинс ги опишува лезбејките како „не-маж привлечен од не-маж“, бидејќи на тој начин терминот е инклузивен за сега да ги опфаќа и делот не не-бинарните луѓе кои се идентификуваат како жени.
За да биде гневот поголем, во истиот речник, на истата страница, само еден пасус подолу, геј мажи се опишани како мажи кои ги привлекуваат други мажи.
И пред Џон Хопкинс да одлучи да го освестува јазикот, постоеше сериозна битка во ЛГБТ заедницата околу одбивањето на дел од лезбејките да бидат во врска со транс-жени кои фабрички се родени како мажи.
Пред „не-маж“ терминот на Џон Хопкинс, меѓу обидите да се избрише зборот жена и да се израмнат биолошките со монтираните жените, во оптек имаше зборови како „луѓе што раѓаат“, „менструатори“, „трудни луѓе“ и „иматели на матка“.
Новата дефиниција е одобрена од Пола Ниера, која и самата е транс-жена, одговорна на Универзитетот Џон Хопкинс за ЛГБТ рамноправност и образование. Таа пред некоја година објаснуваше дека нејзиниот глас како транс-жена е толку длабок затоа што потекнува од Њу Џерси.