- Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше одлуката на САД привремено да ги укине санкциите за руска нафта.
- „Ова еднократно олеснување од страна на САД би можело да ѝ обезбеди на Русија околу 10 милијарди долари за војната. Тоа сигурно не помага за мир“, изјави Зеленски по средбата со Емануел Макрон во Париз. Тој не објасни како ја пресметал сумата од 10 милијарди.
- Европските лидери се спротивставиле на таква мерка кога во средата се консултирале со Доналд Трамп во рамките на Г-7.
- „Моментално постои проблем со цената, но не и со снабдувањето. Би сакал да знам кои други фактори ја наведоа владата на САД да ја донесе оваа одлука“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
- „Кризата во Ормускиот теснец во никој случај не го оправдува укинувањето на санкциите за Русија“, додаде Макрон.
- „Некои тврдат дека треба да се вратиме на руските фосилни горива. Тоа би било стратешка грешка. Тоа би нè направило позависни, поранливи и послаби“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.