Пред две децении, за да се отвори Gmail беше потребно да се добие покана од некој што веќе има отворено сандаче. Добивањето таква покана повлекуваше чувство на гордост и избраност. 20 години подоцна, онлајн сандачето на Гугл стана една огромна и хаотична збирка од сешто, како шпајз во кој само се оставаат работи кои не ни требаат, а страв ти е да почнеш да го чистиш.