Нормално дека нема луѓе за работа, сите се инфлуенсери станати

Затвори очи и замисли 12 милиони луѓе. Сега замисли дека сите овие 12 милиони по цел ден единствена работа и кариера во животот им е само да бидат инфлуенсери по социјални мрежи. Е овие 12 милиони се само во САД.

Истражувањето што го објавува Вол стрит журнал е изработено од Келер адвајзори груп и според него во САД, на сите интернет платформи, има 27 милиони платени контент креатори. Од овие 27, 44% или некои си 12 милиони, изјавиле дека работат исклучиво како платени креатори.

Под креатори се опфатени сите оние кои така се сметаат себе си, плус во изминатата година биле платени за својата работа.

Истата оваа студија пресметува дека просечниот креатор заработува околу 93.000 долари годишно (во ноември 2023), она што е поупадливо е дека речиси половина изјавиле дека заработуваат помалку од 10.000 долари годишно, што значи дека просекот го креваат баснословните приходи на мал процент од креаторите.

29 октомври 2024 - 12:31