Александар Волкановски ја одбрани титулата во перо-лесна категорија на UFC 333 спектаклот во Абу Даби. Тој го победи Мовсар Евлоев со технички нокаут во втората рунда, поточно по само 4:54 минути во рундата.
38-годишниот Волкановски му го нанесе првиот професионален пораз на рускиот борец. Со оваа победа Волкановски успешно го продолжи своето шампионско владеење во вториот „мандат“ во елитната организација, откако претходно ја изгуби титулата од светската ѕвезда Илија Топурија, но успеа да го врати појасот во свој посед со триумф над Диего Лопес во 2025 година.
#AndStill @alexvolkanovski #UFC333 https://t.co/4SfA9ExSEA
— danawhite (@danawhite) October 24, 2026
Волкановски синоќа упати дури 56 значајни удари од вкупно 110 обиди со вкупна успешна прецизност од 50.9%, додека во вкупни удари запиша 61 од 118.
Австралиецот со македонско потекло го темпираше ритамот и вршеше континуиран притисок од дистанца. Евлоев зададе 40 удари од 65 обиди со 61.5% прецизност, а вкупно погоди 62 од 88.
Волкановски ја презеде целосната контрола во втората рунда. Со прецизни серии од боксерски комбинации и силни кик-удари, го повреди Евлоев, за потоа на самиот крај од рундата (на 4:54) да го принуди судијата да ја прекине борбата по серија разорни удари.