На британските сопственици кои издаваат куќи и станови, секој месец им се нудат сè повеќе пари изразени во илјадници фунти од оние кои се пристигнати со мали чамци отколку што локалните совети плаќаат за сместување на ранливи британски семејства.
На пример, за трособен стан во јужен Лондон, кој сопственикот моментално му го издава на локалниот совет на Саутерк за 1.790 фунти, од илегалците биле понудени 4.500 фунти месечно, што на годишно ниво се дополнителни 32.520 фунти (со платени сметки и покриено одржување на три години).
„Јас не бев подготвен да прифаќам такви понуди бидејќи доста семејства ќе беа одведени во бездомништо, но, многу сопственици на недвижности го гледаат тоа само како можност да заработат повеќе и едноставно ги прифаќаат понудите,“ рекол еден сопственик.
Тој тврди дека дојденците намерно ги таргетираат имотите што веќе ги користат станарите на советот, студентите и ранливите лица, вклучително и оние што бегаат од семејно насилство.
Приватна компанија управувана од филмскиот продуцент Греам Кинг (Авијатор, Боемска расподија, The Departed...) која со пари од државата згрижува околу 30.000 баратели на азил има годишен промет од 1,4 милијарди фунти и е проценета на 726 милиони фунти. Тоа е една од трите компании кои имаат вакви договори што им важат до 2029 година.