Телеграм ја менува плочата

Четири месеци откако основачот на Телеграм беше уапсен во Париз заради немодерирање екстремни содржини, платформата најави пресврт во своите ставови. По апсењето на Павел Дуров компанијата стана невообичaено кооперативна, прво за ИПП адресите и телефонските броеви, а сега и за материјалите со сексуална злоупотреба на деца.

Компанијата објави дека во иднина ќе соработува со меѓународното тело The Internet Watch Foundation (IWF) чии услуги ги користат и други онлајн сервиси за да им помогнат да детектираат и спречат ширење на материјали за сексуална злоупотреба на деца.

IWF е една од ретките организации во светот која е законски способна да бара детска сексуална содржина за да ја отстрани. Телеграм вели дека и пред да стане член на IWF, секој месец отстранувале стотици илјади парчиња материјал за злоупотреба користејќи свои сопствени системи. Очекуваат членството на IWF да ги зајакне нивните механизми..

Телеграм го користат околу 950 милиони луѓе ширум светот и досега ја приоретизираше приватноста на корисниците, пред регулативите и правилата за објавување и споделување, кои им се приоритет на другите светски компании за социјални медиуми.

Бргу по апсењето на Павел Дуров, компанијата најави и дека ќе предава на полиција телефонски броеви и ИП адреси на оние кои ги прекршиле правилата, ако за тоа постои валидно правно барање.

Роден е во Русија, живее во Дубаи, има државјанство на Русија, Франција, Обединетите Арапски Емирати и карипската островска држава Сент Китс и Невис. Беше пуштен на слобода со обврска да ѝ биде достапен на француската истрага.

6 декември 2024 - 14:14