Москва тренира гасење од интернет

Русија на еден ден блокирала цели делови од својата држава од пристапување на интернет како дел од проектот за развивање на сопствен „суверен интернет“.

Се работи за Дагестан, Чеченија и Ингушетија, кои за време на блокадата не можеле никако да пристапат до Гугл, Јутјуб, Телеграм, Вотсап и други странски сајтови и апликација.

Сите овие сервиси и сајтови не биле достапни ни со најголемиот дел од ВПН сервисите. За сега не е познато кои ВПН-и успеале да ја заобиколат забраната. Иако вршат работа, ВПН-те можат да бидат блокирани ако некој стварно запне да ги лови.

Русија претходно успешно тестираше блокирање и успорување на сајтови како Јутјуб, чија брзина беше симната речиси до неупотребливост. Наводно Русија до сега има потрошено околу 650 милиони долари на изградбата на националниот интернет, на кој работи најмалку од 2019.

За комплетирање на планот, во иднина Русија исто така би можела да го блокира го блокира и хостинг сервисот на Амазон, Хостгејтор и други сервиси за хостирање, по што може да ги натера своите граѓани и компании целосно да се префрлат на руски сервиси што владата ќе може да ги контролира.

Од друга страна повеќе американски големи интернет сервиси по почетокот на војната во Украина одлучија да ги укинат своите услуги во Русија и да ги повлечат производите за руските корисници.

12 декември 2024 - 11:49