Не им требаше многу време на новодојденците на Блускај да ја заситат платформата со барања за цензура, етикетирања на објави што не им се бендисуваат и општи поплаки за други корисници.
Блускај објави дека за само 24 часа платформата била преплавена со над 42.000 поплаки а барањата за цензура стигнувале со темпо од над 3.000 на час.
Нема сомневање дека ова се должи главно на дојденците од Твитер бидејќи во цела 2023 година, Блускај имала 360К поплаки (а сега 42К за еден саат).
До февруари годинава, Блускај функционираше само со покана од друг корисник а разбудените актери, новинари и активисти особено го засакаа по победата на Трамп и неговиот омразен сојузник Маск. Меѓу нив славни личности како актерката Џејми Ли Кертис, новинарот Дон Лемон, писателот Стивен Кинг, вестите на Гардијан....
Блускај е платформа за социјални медиуми создадена од поранешниот долгогодишен извршен директор на Твитер, Џек Дорси, кој во мај годинава замина од Блускај.
Компанијата неодамна објави зголемување од 3 милиони корисници од октомври, зголемувајќи се на вкупно 15 милиони.
X има пријавена корисничка база од над 600 милиони и лесно беше да се сфати зошто политичката левица беше толку разбеснета од продажбата на компанијата на Маск со неговите „одвратни“ политики за слобода на говорот.
„Левицата се плаши од ферплеј и рамноправност. Тие одбиваат отворена дебата освен ако играта не е наместена во нивна полза. Досега општиот одговор од мнозинството корисници на Х е „Шуќур да се олабавиме oд шкартот!“, пишува на ЗероХеџ.