Во „облаците“ на Гугл се испогубија милијарди долари

Во сенка на информациите за девелоперската конференција Гугл I/O 2024, некако слабо помина веста за еден до сега невиден хорор што им се случи на клауд-сервисите на Гугл: некако им се избриша важен акаунт и им требааа речиси две недели да го вратат. Колку важен акаунт? 135 милијарди долари! Што нè потсетува на мудрата: Не постои „клауд“, тоа е само друг нечиј компјутер.

УниСупер е австралиски пензиски фонд кој управува со средства во вредност од 135 милијарди долари и има 647.000 членови. Целата сметка им била избришана од Google Cloud, вклучувајќи ги и сите нејзини резервни копии.

За среќа, имале неколку бекапи на друг провајдер и можеле да ги вратат своите податоци, но според нивната евиденција, проблемот се појавил на 2 мај, а до целосно обновување на услугите дошло дури на 15 мај.

Во заеднички соопштенија на извршните директори на УниСупер и на Гугл Клауд се потврди катастрофалниот развој на настаните предизвикан од ненамерно погрешна конфигурација што довело до „уникатна ситуација“ која никогаш претходно не се случила со ниту еден од клиентите на Google Cloud на глобално ниво.

Најлошо од сè е што иако сметката на фондот се чувала на две различни географски локации, што се смета за екстра заштита (во случај хакери да преземат сервер или цела зграда), исчезнувањето се случило и на двете локации.

Тој што на УниСупер им предложил мулти-клауд решение, треба да добие сериозен бонус.

 

20 мај 2024 - 22:02