Неодамнешна студија објавена во Scientific Reports открива дека поекстремните или ексцентричните идеи собираат повеќе „лајкови“ на социјалните медиуми.
Спроведена од истражувачи од Универзитетот Бингамтон и државниот универзитет во Њујорк, студијата ја анализирала врската помеѓу популарноста на идеите и нивната ексцентричност. Резултатите покажале јасен тренд: идеите кои значително отстапуваат од нормата имаат поголема веројатност да привлечат внимание и да повлечат ангажираност и интеракции.
Вредно е што оваа студија не се фокусира само на идеологии поврзани со политиката или религијата, туку вклучува помалку контроверзни теми - преференци во храната или начин на живот - што сугерира дека дури и тие можат да ги поларизираат мислењата и да привлечат значително внимание на интернет.
Сржта на методологијата лежи во дефинирањето и квантифицирањето на ексцентричноста на идеите. А таа се мерела со семантичкото растојание помеѓу идејата и „центарот“ на сите други идеи во социјалната околина. Центарот, пак, се пресметува како среден вектор на сите неодамнешни идеи во околината, како динамичен репер според кој може да се измери ексцентричноста.
Генерално, студијата укажува на потреба од ексцентричност за одржување на популарноста на социјалните мрежи.
„Ако сакате да привлечете внимание за било што, и да не е политичка или религиозна тема, полесно ќе успеете ако кажете нешто што е некако екстремно“, вели еден од истражувачите. „Колку повеќе гледате како другите споделуваат слични мислења, толку е поголема веројатноста дека ќе почне да се зацврстува вашето уверување во таа конкретна насока“.