Веибо соопшти дека веќе работи на спроведување специјални мерки околу „непосакуваните содржини ориентирани на вредност“ вклучувајќи содржини кои „покажуваат богатство и обожување пари.“
За сега главна мета на новата цензура се луксузни автомобили, скап имот, постови во кои корисниците се фалат со своето богатство и слободата што доаѓа од истото. Со слична агенда се и останатите кинески социјални мрежи.
Новите мерки се дел од кампањата на Пекинг да се создаде „општествено-еколошка средина која е цивилизирана, здрава и хармонична. Освен забраната, корисниците се поттикнуваат да создаваат и споделуваат високо квалитетни, вистинити и позитивни содржини ориентирани кон имотноста, за дополнително да се создаде „добра атмосфера во заедницата, можност за општествено напредување и добрина.“
Кинеската кампања за „прочистување на интернет културата“ започна во 2016.
Освен онлајн, Кина работи и на офлајн „прочистување“ на општеството. Во септември 2023 Пекинг забрани коментари, облека и симболи кои го „повредуваат националното чувство“, а во 2022 спортските власти им забранија на членовите на фудбалската репрезентација да имаат нови тетоважи, а оние кои веќе направиле да ги отстранат или да ги покријат.
Во август 2020 кинеската влада ја започна Операцијата празна чинија, во која водеше кампања против фрлањето храна и пијалаци, а во 2018 повика на „сеопфатни реформи“ на индустријата за свадби за да се стави крај на „вулгарните свадбени обичаи“ како прескапи подароци, скапи церемонии и барање на се повисок откуп за невестите.