Во име на децата, контрола на возрасните

Како што пренесовме, австралискиот закон за онлајн безбедност, односно минимална возраст за социјални медиуми, формално се воведува за да се користи проверка на возраста и да се спречат корисниците под 16 години да пристапуваат до социјалните мрежи. Навидум убава кауза но критичарите во тоа гледаат нешто друго.

Спорна не е наведената цел - да се држат децата подалеку од социјалните страници, за нивно добро. Спорно е што притоа ќе се собираат биометриски податоци а корисниците ќе треба да достават доказ за лична карта издадена од владата.

Сопственикот на Икс, овој амандман го гледа како желба на мала врата да се воведе контрола и на полнолетните Австралијанци.

Наместо да најде начин да ги идентификува малолетниците, решението се потпира на тоа дека секој треба да докаже дека не е малолетник. Тоа е и затоа што таков начин не постои, а многу различни влади и онака не гледаат ништо лошо со ставање крај на анонимноста на интернет. Па со алиби „мислете на децата“ конечно успеваат да го постигнат тоа.

Кога ќе стапи на сила уредбата, родителите во Австралија нема да имаат право да дадат согласност нивните деца под 16 години да користат социјални мрежи, додека одговорноста, кога станува збор за казните, ќе биде на товар компаниите.

Доколку се утврди дека некоја платформа не ги исполнува правилата, казната може да достигне до 32 милиони долари.

Сумарно, критиките се сведуваат на два битни елемента: прво, социјалните платформи ќе дојдат до драгоцени податоци за корисниците и второ, забранувајќи им пристап на социјални мрежи, младите се буткаат во подлабокото, во темниот интернет.

29 ноември 2024 - 12:14