Австралија ќе забрани социјални мрежи за деца под 16 години

Пристапот до социјалните мрежи во Австралија ќе биде уреден со нов закон и ограничен на 16+, а во тоа ќе треба да помогнат и самите платформи кои ќе бидат казнети доколку не соработуваат.

За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот да го протурка низ парламентот во следните три недели.

Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години.

Целата работа е така поставена што децата кои ќе пристапат до социјалните мрежи нема да бидат казнети за тоа, ниту нивните родители, меѓутоа ќе има казна за компанијата што управува со платформата.

Забелешката е дека до сега ниту една држава не успеала да имплементира систем за потврдување на возраста без дополнителни проблеми.

Проблеми, како тоа што зад вака доборнамерната и благородна идеја стои опцијата таа да биде спроведена со помош на биометриско скенирање на ликот на корисникот за тој да може да пристапи до социјалната мрежа. Иако ова вистински би ги сопрело сите под 16 да пристапуваат до социјални мрежи, тоа би го открило целосниот идентитет на секој што има таен профил на истите од какви и да е побуди и целосно брише каква било анонимност.

8 ноември 2024 - 10:42