Со потпишувањето почнува да тече рокот од девет месеци за Бајтденс да донесе одлука околу иднината на компанијата, иако во законот се остава простор за продолжување на рокот за дополнителните 3 месеци доколку се забележи некаков позначителен напредок.
До пред некое време изгледаше дека законот ќе издиши и нема да успее да помине во Сенатот откако беше изгласан како одделен закон во Претставничкиот дом на САД. Клучно за изгласувањето беше што законот беше спакуван во поголемиот пакет акти за странската помош што САД ја додели на Украина, Израел и Тајван.
Од Тикток веднаш најавија дека ќе го дадат законот на суд, а се уште не е познато како Кина ќе одговори на новите правила и дали ќе му дозволи на Бајтденс да го продаде Тикток и алгоритамот што стои зад него.
По потпишувањето, се обрати и првиот човек на Тикток, Шоу Зи Чу, кој вети дека компанијата не се откажува од американскиот пазар и своите корисници: