Фејсбук го исфрли од ринг Ричард Докинс

Уште од времето на пандемијата, Фејсбук станува сè поцензурирана платформа чии алгоритми или факт-чекерски партнери во последно време се сè повеќе здивени па се кинат постови и објави без никаква логика. Покрај обичната раја, страдаат и сериозни авторитети. На прочуениот биолог Ричард Докинс му бил скинат целиот профил затоа што многу се мешал во - биологија. 

Англискиот еволутивен биолог, зоолог и автор на неколку битни книги за биологија и генетика, им се придружи на големиот број луѓе на кои им е забранет пристапот на најпопуларната социјална мрежа. Според Докинс, Фејсбук целосно го избришал неговиот профил без никакво објаснување.

Ова се случило откако напишал дека маж (личност со XY хромозом) не треба да се боксува со жени.

„Се разбира, моето мислење е отворено за цивилизирана дебата, но вака директна цензура?“, се изначуди тој на Икс.

Тој е човек со огромно знаење и искуство во областа на биологијата и генетиката, така што неговото мислење за оваа работа секако има поголема тежина од другите. Зборуваше, секако, за настапот на Алжирката Имане Келиф, која го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз. Келиф настапи иако минатата година светската боксерска организација ја дисквалификуваше од светското првенство бидејќи тестот покажа дека има машки хромозом.

Поради нејзиниот настап се крена голема прашина, а десничари збеснаа на социјалните мрежи убедени дека се работи за маж кој го сменил полот само за да може да „тепа жени“.

Имане е таква е од раѓање, ништо не сменила, но тоа не помага да се одговори на прашањето дали сепак треба да ѝ се дозволи да се бори со жени во рингот, бидејќи жените се главно физички послаби.

Ова е прашање што треба да биде отворено за дебата, но Фејсбук продолжи со својата веќе позната политика на цензура на непопуларни мислења, особено ако тоа доаѓа од некој што знае за што зборува и од некој што може цивилизирано да го аргументира своето мислење.

„Фејсбук го правеше ова за време на коронафестот и сите ние кои некогаш го кренавме гласот против тотално лудите и тоталитарни политики, го почувствувавме тоа на своја кожа. Сега тоа го прави и на спортски теми. Што е следно? Претпоставувам времето. Време е сите да се преселиме на X, таа останува единствената платформа каде што можете да пишувате колку сакате и кога вашето мислење не се согласува со естаблишментот и медиумите“, пишува Марио Накиќ.

12 август 2024 - 20:40