Планот е интернет платформите да побараат потврда за возраста на потенцијалниот гледач кој преку апликација ќе покаже дали е постар од 18 години.
Откако ќе биде верификувано дека ги исполнува условите, гледачот добива 30 „порно кредити“ кои му траат еден месец и со кои може да пристапи до возрасни содржини. Оние на кои им се малку 30, ќе може да побараат и дополнителни кредити.
Алатката која е критикувана и заради комплексноста и општо заради своето постоење, властите ја правдаат со тоа дека внимава на приватноста на корисниците и не може лесно да се следи нивното однесување.
Системот почнува со работа кон крајот на летото и првично ќе биде на доброволна база, бидејќи онлајн платформите може да користат и други методи за потврда на возраста. Тој е предвесник на ЕУ законот на иста тема кој почнува да важи од октомври 2027 и кој ќе бара веб-страните да не им дозволуваат на малолетници да пристапуваат до порно.
Со тек на време шпанскиот порно пасош најверојатно ќе биде заменет со ЕУ системот за дигитален идентитет ЕИДАС2, која е една одвратна творевина што ќе може да следи пристап до најразлични приватни и јавни сервиси низ целата Унија.