Мета признава дека претеруваат со цензурирање

Директорот за глобални прашања на Мета јавно признава дека не само што цензурираат туку попат прават и големи грешки во проценка на содржини кои решаваат да ги отстрануваат или да ги етикетираат. Тоа го знае секој кому му била скинато нешто од Фејсбук, а било банално или пак да се чудиш што било спорно. Малку претеравме, вели директорот. Не, многу претеравте.

Претседателот за глобални прашања на Мета, Ник Клег, призна дека технолошкиот гигант сè уште има превисоки стапки на грешки во модерирање (читај: цензурирање) на содржините.

Ова е уште еден начин да се признае дека цензурата е жива и здрава на масивните платформи на Мета, Фејсбук и Инстаграм, но исто така и Threads.

Се навестува промена во пристапот кон проблемот но нејасно е како мислат тоа да го изведат.

Клег вели дека Мета се обидува да најде „рамнотежа“ помеѓу слободата на говорот и „зачувувањето на луѓето безбедни“. Нејасно е како Мета ги „чува луѓето безбедни“, но слободата на говор е многу јасен концепт, а Клег нуди „меа кулпа“ јавно признавајќи дека имаат „високи стапки на грешки“, што го попречуваат слободното изразување.

„Премногу често безопасна содржина се симнува или ограничува и премногу луѓе се казнуваат неправедно“, вели тој.

Секој од огромниот број корисници кои станаа жртви на постојано ескалираното ниво на цензура на Мета во изминатата речиси една деценија, можеше да му го каже тоа.

Ех, во југословенско време се кукаше заради цензура. После, во првите години на независна Македонија, оние најглупите 'патриоти' те сомничеа ако слушаш рокенрол од бивша Југославија (демек, џабе ли се одвојувавме?). Гледано од денешна перспектива, сето тоа беше мала шала во однос на пуританската и шеријатски ефикасна политика на МЕТА, Закерберг и цела банда локални кодоши.
 *
Фејсбук е новиот Советски сојуз

9 декември 2024 - 19:37