Владите на ЕУ наскоро би можеле да ја поддржат доста контроверзната Регулатива за сексуална злоупотреба на деца (CSAR), колоквијално позната како „контрола на четот“, врз основа на новиот предлог на белгискиот министер за внатрешни работи. Според протечени податоци до кои дојде европратеникот од Пиратската партија, тоа би можело да се случи веќе во јуни.
Предлогот наложува дека корисниците на апликациите за комуникација мора да се согласат сите слики и видеа што ги испраќаат да бидат автоматски скенирани и потенцијално пријавени во ЕУ и полицијата.
Согласност ќе се добие преку текст за „услови за користење“или поп-ап порака. За да биде ова можно, и кај безбедните шифрирани услуги за пораки од „човек до човек“ ќе треба да се имплементира “бекдор“ мониторирање, што во суштина е крај на приватните пораки.
Во белгискиот предлог ова се нарекува „модерирање на аплоудот“ што било различно од досегашната фраза „скенирање на клиентот“. А не е.
Корисниците кои одбиваат да се согласат на условите ќе можат да испраќаат само текстуални пораки а ќе им биде забрането да споделуваат слики и видеа.
„Користењето месинџер услуги само за текстуални пораки не е опција во 21-от век. Милиони приватни разговори и приватни фотографии на невини граѓани ќе се пребаруваат со недоверлива технологија, а потоа можат да протечат дури и кога засегнатите корисници ни оддалеку не се поврзани со сексуална злоупотреба на деца. Ова ќе ја уништи нашата дигитална приватноста на кореспонденцијата. Нашите голи фотографии и семејни фотографии би завршиле кај непознати луѓе во чии раце не припаѓаат и кај кои не се безбедни“, оценува Патрик Брејер, жесток противник на контролата на разговорите.