Езра Клајн се сеќава како се чувствувал „избран“ пред две децении кога ја добил посакуваната покана да се приклучи на новата услуга на Гугл, џимеилот. Тоа ветуваше многу поголема кубикажа на сандачињата и робусни можности за пребарување.
Клајн признава дека не само што веќе не е фан на GMail туку од пред неколку месеци ја еутаназирал сметката.
Во моментот кога го исклучил, имал над милиони непрочитани пораки.
Тоа што беше предност, големиот простор за складирање, се претвори во непријатна карактеристика на услугата бидејќи меилот се претвора во една огромна и хаотична збирка на е-пошта, текстови, фотографии, музика и друга содржина.
Накратко, меилот се претвори во „резил-креденец,“ онаму каде што само се трпаат работи кои не ни требаат и никогаш не се проверува што сè чува тој.
На крај, на колумнистот на Њјујорк Тајмс, ни напредните алатки се пребарување не му помагале да се снајде низ содржината на своето е- сандаче и да ги филтрира пораките кои му требаат.
„Сакам моето сандаче да не е заборавена шупа туку градина што ја чувам, одвреме-навреме го чистам плевелот и горд сум на растенијата кои ги негувам“, пишува тој.