Мета дозволи ЛГБТ луѓето да се нарекуваат ментално болни

Новите правила на Мета за користење на платформата не им дозволуваат на корисниците како навреда да нарекуваат други луѓе дека се ментално болни, освен ако тие други луѓе не се ЛГБТ.

„Ние дозволуваме тврдења за ментални болести или абнормалност базирани на родова или сексуална ориентација, имајќи го предвид политичкиот и религиозниот дискурс околу транссексуалноста и хомосексуалноста и честата не-сериозна употреба на зборот 'чуден',“ пишува во новите правила на Фејсбук.

Апдејтот на правилата е во пакет со промената на начинот на модерирање на говорот на своите платформи, со целосно укинување на проверувачите на факти и нивна замена со систем сличен на „community notes“ на Икс.

Закерберг објасни дека промените се должат на „неодамнешните избори“ и „културолошкиот пресврт кон, повторно, приоретизирање на говорот.“

Исто така се укинати и правилата кои забрануваат навреда на лице врз основа на неговата раса, етничко или национално потекло, инвалидитет, религиозна припадност, каста, сексуална ориентација, пол, родов идентитет или сериозна болест.

Исто така на Мета повеќе не е забрането и обраќање со „тоа“ на транссексуалците и небинарите лица.

„Платформите на Мета се создадени да бидат места на кои луѓето можат слободно да се изразат себе си. И тоа може да биде проблематично.

На платформите на кои милијарди луѓе може да имаат свој глас, може да се види и доброто и лошото и грдото. Меѓутоа тоа е слободно изразување,“ порачуваат од Мета.

10 јануари 2025 - 12:07