Директивата, испратена како интерен меморандум е фокусирана на апликантите за H-1B визи за висококвалификувани работници, кои, покрај другите сектори, често ги користат технолошките компании.
„Ако најдете докази дека апликантот бил одговорен или бил соучесник во цензура или обид за цензура на уставно гарантираното право на слободно изразување во САД, треба да заклучите дека апликантот не е подобен за виза“.
Администрацијата на Трамп досега беше многу критична кон идеите технолошките компании да контролираат што на луѓето им е дозволено да објавуваат на нивните платформи, надвор од класичните форми на злоупотреба, измама, нелегална содржина и друго штетно однесување на интернет.
Искуството после настаните во Капитол во 2021 година, кога на Трамп му беше забранет пристап до повеќе платформи на социјалните медиуми се користи како доказ за републиканските тврдења дека технолошките компании неправедно ги таргетираат конзервативците.
На конзуларните работници им се наложува темелно да ги истражат CV-ата на апликантите, нивните LinkedIn профили и медиумски активности во врска со дезинформации, лажни наративи, проверка на факти, модерирање на содржината и слично.
Во меѓувреме, стигна подршка од ЏејДи Венс за Илон Маск и неговата платформа Икс на која ЕУ ѝ се заканува со огромни казни ако не се придржува до нивните стандарди за модерирање и спречување штетни содржини.
„Се шпекулира дека Европската комисија ќе го казни Икс стотици милиони долари затоа што не се вклучува во цензура. ЕУ треба да ја поддржува слободата на говорот, а не да ги напаѓа американските компании за ѓубре“, напише Венс.
Поштуем, се заблагодари Маск.
