Интернетот веќе не е во рацете на луѓето

Некогаш интернетот беше див и хаотичен, но многу човечки. Таквиот жив веб веќе наголемо се повлекува пред таканаерчениот мртов интернет во кој огромен дел од содржините воопшто не е создаден од луѓе туку од ботови а системот го управуваат алгоритми кои одредуваат што треба да се види, слушне и прочита. Интернетот е во рацете на машините а ти се оптимизирани да прават профит.  

Извршниот директор наОпенАИ, Сем Алтман, неодамна предизвика бранување на јавноста кога ја призна валидноста на таканаречената „теорија за мртов интернет“ која досега се отфрлаше како теорија на заговор.

Таа сугерира дека голем дел од денешниот интернет, особено социјалните медиуми е доминиран од вештачки (нечовечки) активности, како што се содржини генерирана од вештачка интелигенција, ботови и корпоративни интереси, што доведува до пад на автентичниот човечки удел во мрежата.

Оваа содржина е произведена од компјутери, големи јазички модели и ботови, што дополнутелно се забрза со платформи како што еЧетГпт.

Алтман вели дека досега не ја разгледувал сериозно оваа идеја нодека станал свесен дека бројни профили на мрежата воопшто не се водени од луѓе.

Многумина органски го чувствуваат она што се вика „мртов интернет“.

На почетокот на 2000-тите интернетот беше неуреден, ексцентричен и спонтано креативен. Форуми, фан страници, четови и блогови цветаа во еден „див заеднички простор“ што беше доста хаотичен, но човечки.

Тој и таков жив веб постепено беше заменет со овој веб што го имаме денес, место каде што вниманието е валута, а алгоритмите одредуваат што ви се допаѓа, што е популарно и барано.

Интернетот функционира и е полн, повеќе од кога било, со содржини и активност, но повеќе не изгледа жив. Она што претежно остана е систем управуван од машини оптимизирани за профит, пишува Јозо Кнез.

Според годишниот извештај на фирмата за сајбер безбедност Имперва, автоматизираниот сообраќај лани веќе го надмина човечкиот сообраќај, сочинувајќи 51 процент од целиот веб. Од тоа, само 14 проценти биле бенигни ботови.

Експертите предвидуваат дека до 2026 година, дури 90 проценти од онлајн содржината би можела да биде синтетички генерирана.

12 септември 2025 - 13:38