ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Европскиот удел во глобалните технолошки истражувања и развој (R&D) се има намалено од 23% во 2005 година на само 8% денес, додека САД се искачија на 62%, а Кина се зголеми од близу нула на 15%. Јужна Кореја сега ги надминува Германија, Франција, Велика Британија и Италија ЗАЕДНО во истражувања и развој.

Дури и еден од најтрагичните слепци во европската политика, германскиот канцелар Фридрих Мерц, призна дека наместо да стане најконкурентната економска област во светот, Европа стана светски шампион во прекумерна регулација, блок преоптоварен со бирократија и прописи кои ги гушат претприемачките слободи.

„Ова е предвидлив резултат на избирањето политики кои систематски ја фаворизираат контролата и прераспределбата пред растот. Слоевитата регулатива, правилата за податоци, ограничувањата на вештачката интелигенција, ригидноста на пазарот на трудот  и претпазливоста ги зголемуваат трошоците и го забавуваат темпото на претворање на идеите во производи“, пишува Мајкл А. Арует.

Ваквиот економски сетап го принудува компаниите оскудните ресурси да ги трошат за усогласеност со регулативата, а не за експериментирање. Високото оданочување и експанзивните системи за прераспределба извлекуваат капитал кој инаку би го финансирал приватното истражување и развој и преземањето ризици и градење нешто ново.

Поширокиот „прогресивен“ начин на размислување кој дава приоритет на еднаквоста на исходот пред динамиката го третира претприемачкиот успех како нешто што треба да се управува, оданочува или споделува, а не да се ослободува и наградува.

Во меѓувреме, некои други региони кои ги штитат резултатите од иновациите и имаат ниски бариери продолжуваат да напредуваат, привлекувајќи талент и капитал што Европа сè повеќе го губи.

„Без поместување кон полесни правила и помали оптоварувања врз претпријатијата, јазот ќе продолжи да се зголемува а Европа ќе стане музеј на отворено за богати Американци и Азијци“, пишува Арует.

Од денеска стапува на сила новата такса на ЕУ од 2 евра за секој производ во евтините меѓународни пратки, згора на таксата од 3 евра воведена во јули. Мерката е директно насочена кон популарните кинески синџири за онлајн продажба, како Тему, Шеин и АлиЕкспрес.

1 ноември 2026 - 09:29