Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од утре стапува на сила новата такса на ЕУ од 2 евра за секој производ во евтините меѓународни пратки, згора на таксата од 3 евра воведена во јули.
  • Мерката е директно насочена кон популарните кинески синџири за онлајн продажба, како Temu, Shein и AliExpress.
  • Новата давачка ќе важи за секој различен артикл во пакетот. Ќе биде проширена и на пратки со проценета вредност повисока од 150 евра.
  • Со оглед на тоа што минатата година во Унијата влегле 5,8 милијарди пратки со мала вредност, Брисел смета дека овие давачки би можеле да донесат приход од речиси 6 милијарди евра годишно.
  • Новата такса нема да ги погоди купувачите во Македонија, кои од лани плаќаат по 18% ДДВ за сите пратки од странство што надминуваат вредност од 22 евра.
извор

Во САД веќе гласале 48 милиони

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Четири дена пред отворањето на гласачките кутии на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, правото на предвремено гласање го искористиле рекорден број од 47.922.669 Американци.
  • Заклучно со петокот на пладне, веќе е надминат е рекордот од 45,9 милиони предвремени гласови на изборите во 2022 година.
  • Според анализа на „Election Lab“ при Универзитетот во Флорида, досега гласале повеќе регистрирани демократи отколку републиканци.
  • Порастот е особено изразен во сојузните држави каде што се води жестока борба за места во Сенатот – трки што би можеле да одредат кој ќе има контрола врз овој дом во текот на последните две години од претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
  • Во Тексас до средата предвремено гласале повеќе од 6 милиони луѓе. Одѕивот е за околу 50% поголем отколку во истиот период во 2022 година.
  • Се предупредува дека поголемото учество во раната фаза не мора нужно да значи и поголема вкупна излезност.
извор

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Полски специјалци синоќа во Варшава се судрија со граѓани кои протестираа пред Уставниот суд поради ненадејното суспендирање на судии.
  • Протестите избувнаа откако судијка од Уставниот суд објави дека се суспендирани од должноста претседателот на судот, Богдан Свјечковски, и неговиот заменик, согласно политиката на премиерот Доналд Туск „да воспостави владеење на правото по повеќегодишно влијание на партијата Право и правда врз судството“.
  • Кратко потоа, самиот Уставен трибунал објави соопштение дека судијката не дејствувала во име на судот и дека „секој што е вклучен во овие дејствија врши кривично дело државен удар“.
  • Претседателот Карел Навроцки го прекина летот кон Сенегал, итно се врати со авионот во Варшава и влезе во Уставниот суд како знак на поддршка на судијата Свјечковски.
  • „Оваа ноќ дојде до нарушување на уставниот поредок на Република Полска и насилно преземање на уставен државен орган... Во врска со загрозувањето на внатрешната безбедност на Полска, за денес свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката ситуација и да се врати уставниот поредок“, соопшти претседателот.
  • Институционалниот судир датира од почетокот на годинава, кога Навроцки спречи да стапат на должност тројца од шестемина судии избрани од актуелното парламентарно мнозинство.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
3

Не давајте лесно збор

Балканштина
4

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
5

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Разно
6

Брнабиќ: Победивте, формирајте власт, не дозволувајте насилници да ја водат земјата

7

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

8

САД повикаа партнери од НАТО да не ја закачаат Русија

1

Брнабиќ: Победивте, формирајте власт, не дозволувајте насилници да ја водат земјата

2

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

3

САД повикаа партнери од НАТО да не ја закачаат Русија

4

Европа ја чека студена и скапа зима

Свет
5

Израел се плаши од блиц-криг на Трамп врз Иран

Свет
6

Секс, лаги и нелегални мигранти

Свет
7

Жељко Митровиќ ќе отпушта илјада луѓе

8

Украдени криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Терористи во Македонија

Гревот на љубовта

Приватно-јавно партнерство во цензурата

Македонското здравство ги знае приоритетите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy