Бизнис

Балонот не е пукнат, ама на Менхетен се продаде зграда со попуст од 97,5%

Се работи за зграда од 23 ката, за која е проблематично дека е полна само 35% и тоа главно затоа што работодавците не можат да ги убедат вработените да дојдат на работа.

Преку Убер, Европа ќе се полни со кинески електрични коли

Компанијата за приватно таксирање Убер и кинескиот автомобилски гигант BYD планираат партнерство со кое ќе се распоредат 100.000 електрични возила на Кинезите во Европа и Латинска Америка. Кинезите нудат поволности околу цените, осигурувањето и финансирањето а почнаа да отвораат фабрики ширум светот.

Каде се златните резерви на Аргентина?

4,5 милијарди долари во злато што беа во резервите на Централната банка на Аргентина, веќе не се таму. И не само што не се таму туку никој не знае / не кажува каде се.

ЕУ се подготвува за трговска војна со Трамп

Брисел веќе прави стратегија како ќе одговори ако се остварат најавите на Трамп за заштита на американската економија со давачки на увозните проиводи од ЕУ. Не им е сефте. Во првиот мандат Трамп удри по европскиот челик а овие вратија онаму каде што најмногу ги боли неговите гласачи: бурбон, Харли Девидсон и говедско.

Наследникот на Ермес не знае каде му се 13 милијарди долари

Истиот 80-годишник кој минатата година се прослави по најавата дека сите пари ќе му ги остави на својот градинар, сега излезе дека нема да има нешто многу пари за оставање.

Прашањето што го куртули Ферари од дипфејк измама

Сред работна недела директор на Ферари почнува да добива еден куп неочекувани пораки, и сите изгледаат како да доаѓаат од ЦЕО-то на компанијата кој нема врска со тоа.

НБА тимот од Лас Вегас ќе биде најскапата спортска франшиза во Америка

Лас Вегас најверојатно ќе го добие новоотвореното место за проширување на НБА лигата, и тоа ќе чини историски многу пари, а како потенцијални инвеститори се редат милијардери, инвеститори претставувани од Леброн Џејмс, па до компанијата што е сопственик на Ред Бул.

Нетфликс во еден ден има повеќе гледачи од ЕплТВ+ во цел месец

Со додавање на осум милиони гледачи само во последниот квартал, Нетфликс сега има 277,7 милиони претплатници и стига до над 600 милиони луѓе низ светот. ЕплТВ+ не е баш таму.

Микрософт го отпушти тимот за „рамковен“

Целосната екипа на Микрософт задолжена за ДЕИ (diversity, equity, inclusion), рамковниот за корпоративна Америка, од 1 јули остана без работа бидејќи веќе биле непотребни.

Кредиторите почнаа да ѕврцкаат во Киев

Некои од најголемите и највлијателни светски финансиери почнаа да вртат во Киев и да бараат Украина да почне да ги плаќа долговите што ги има кон нив по основа на обврзници.

БлекРок ја купува Британија

Неделава беше објавено дека БлекРок, најголемата американска компанија за управување со средства, ќе ја купи британската групација за податоци Преквин за 3,2 милијарди долари. Ќе беше тоа не толку голема финансиска вест ако не беше симптом на еден поширок тренд: големиот британски егзодус.

Како кинеската роба најде дупка низ американските тарифи

Како што е ред Америка се има себе си заштитено по сите основи од напливот на евтина кинеска роба. Единствени две слаби точки на овој систем се досетливи Кинези и работливи Мексиканци.

Руските приходи од нафта и гас се очекува да пораснат за 50%

Бројките се за периодот од јуни минатата година до овој јуни и калкулациите на аналитичарите на Ројтерс покажале дека приходите од овие две ставки би стигнале до 9,4 милијарди долари.

Кинезите бараат царинска вратка за колите од ЕУ

Кинеските автомобилски компании го повикале официјален Пекинг да ги дрмне конкурентите од Европската унија со увозни даноци до 25 отсто доколку ЕУ ја реализира заканата и воведе царини за возила од Кина. Кинезиве друи се и галантни со оглед на тоа што Европејците се заканија со давачки од 38 проценти.

Хуавеи го возвраќа ударот

Десет и повеќе години, САД го газат Хуавеи обидувајќи се да ја сотрат нивната конкрентност со класичното алиби дека се загрижени за својата национална безбедност и опасноста од кинеско шпионирање. Тоа извесно време сериозно ја потресе компанијата но не ја уби, туку само ја направи посилна и помалку ранлива на идните американски напади. 

Хуавеи стана еден од најголемите увозници на говедско месо во Кина

Истиот овој Хуавеи што произведува ѕверски телефони и 5Г опрема, и е на листата на црната листа на САД, заради гео-економски случувања низ светот се претвори во еден од најголемите увозници на говедско во Кино.

ЕУ ќе им залепи 48% давачки на кинеските електрични автомобили

Воведувањето на тарифите од речиси 50% Брисел го прави под оправдание дека кинеските електрични возила се на големо субвенционирани од кинеската држава, заради што можат да ја постигнат неверојатно ниската цена. Не само Пекинг, туку и Берлин е против овој потег.

Нвидиа стана поскапа компанија од Епл

Производителот на чипови, Нвидиа за прв пат го помина Епл по пазарна вредност и стана втората по вредност јавно тргувана компанија во САД откако ја надмина границата од 3.000 милијарди долари.

Лада ќе го покорува Дубаи

На барање на веројатно никого во Емиратите, Руски Автоваз во блиска иднина конечно ќе отвори свое претставништво во Обединетите Арапски Емирати и во него ќе биде преставена комплетната гама на компанијата.

На Газпром не му се погоди војната

Малку е веројатно дека Газпром ќе успее да ја надомести изгубената продажба на гас барем во следната деценија, се тврди во извештај изработен на барање на Газпром.

Зошто уште му веруваме на златото?

Ворен Бафет викаше дека Марсовец би се чудел од нашиот фетиш кон златото: луѓето плаќаат армија за да го ископаат, па друга армија повторно да го закопа, па трета армија да го чува и брани. Па сепак, златото повторно е во своето златно доба. Во доба на секаква несигурност и неизвесност, секогаш повеќе ќе му веруваме на метал од земјата, отколку на хартија испечатена од државите.  

Бајден станува поголем Трамп од Трамп

До пред 4 години, Бајден жестоко го критикуваше трговскиот протекционизам на Доналд Трамп, објаснувајќи колку тој пристап е неефикасен. Сега го направи истото против кое беше тогаш. Воведе драконски давачки за кинеските производи, сакајќи да се претстави како заштитник на американските работни места. Глобалната слободна трговија е мртва а Бајден станува шампион на назадниот протекционизам.  

Швајцарското ноже остана без ноже

Викторинокс, производителот на швајцарското ноже со повеќе алатки одлучи да направи верзија на ножето од која ќе биде отстрането сечилото.

Трамп за милијарда долари ќе ги спаси нафташите од електрични возила

На состанок во Маралаго со директори од американската нафтена индустрија Трамп побарал донација од 1 милијарда долари за неговата изборна кампања, а во исто време предложил повлекување на повеќе еколошки закони и одлуки донесени од Бајден.