Рускиот производител на Автомобили „АвтоВАЗ“ работи на нова платформа која ќе се користи како основа за изработување на возила од висока класа кои треба да им конкурираат на модели како Ц класата на Мерцедес.
Веќе шест месеци првиот човек на Форд, Џим Фарли, за секојдневна употреба го користи Шаоми Спид Ултра 7, првиот електричен автомобил на кинеската компанија, и не планира да го менува.
Во веројатно уникатно колебливо интервју на човек што тежи милијарди долари, на американскиот милијардер Стен Друкенмилер, случајно или не, му се падна задачата да каже пред народ дека берзите покажуваат дека победник на изборите ќе биде Доналд Трамп.
Главното алиби на Ново Нордиск за баснословните цени на нивните два водечки производи Оземпик и Вегови дека се истуриле од давање пари на истражување и развој, наскоро нема да држи, бидејќи според продажната цена и обемот на продажба тие го имаат преплатено целото истражување и развој.
Во тек е најголемото преземање во банкарскиот сектор на Европа која го менува односот на силите на овој терен. Германците беснеат бидејќи во прашање е нивната национална гордост - германската Комерцбанк полека ја преземаат Италијанците а Олаф Шолц, охрабрен од резултатот на своите последни потези, се очекува да заигра патриотски.
И четири години по пандемијата најголемите глобални компании не можат да ги убедат своите добро платени вработени дека се работи од работа, а не од дома. На Амазон му прекипе, па даде ултиматум до јануари 2025.
За прв пат во историјата американската влада годинава ќе треба да плати повеќе од 1.000 милијарди долари камата за националниот долг кој достигна 35,3 илјади милијарди долари, објави тамошното министерство за финансии.
Кинеска продавница ги моли своите муштерии да ги откажат нарачките на машини за перење бидејќи вработената ставила погрешна цена на сајт и сега се во минус од над 4 милиони долари.
Извшетајот за конкурентност кој за Европската комисија го изготви Марио Драги го соочи Брисел со скапа вистина. Без дополнителни инвестиции од 800 милијарди евра годишно, континентот ја губи трката на глобалниот пазар и станува небитен. Европските бирократи можеби се надеваа дека ќе им биде препорачана шминка, а оно да ти требало сериозно преструктиурање.
За само еден ден вредноста на акциите на Нвидиа падна за 9,5% што сметано според вредноста што компанијата ја имаше пред крахот значи дека за 24 часа Нвидиа изгуби 279 милијарди долари.
Аналитичари ја пресметуваат штетата од тоа што Американците масовно се навлекле на кладење, и излегло дека не само што кладилничарите губат пари, туку кладилниците биле закана за комплетната економија на САД.
Старбакс деновиве објави дека нашле нов ЦЕО по име Брајан Никол, кој го украдоа од ланецот на ресторани Чипотле, и тоа со понуда од 113 милиони долари, плус, до сега нечуена повластица во американскиот корпоративен свет, можност да работи од дома.
Од мрт 2022 година, кога ЕУ и САД воведоа финансиски санкции кон Русија, Москва успеала да набави најмалку 2,3 милијарди долари и евра во готовина, покажуваат царински податоци до кои дошол Ројтерс. Огромна набавка на кеш на вредните западни валути била изведена во месеците пред да почне инвазијата.
Во историска победа за американското министерство за правда против технолошката индустрија, американски федерален суд одлучи дека Гугл нелегално ја злоупотребил својата позиција на пазарот за да ја сотре конкуренцијата.
Се работи за зграда од 23 ката, за која е проблематично дека е полна само 35% и тоа главно затоа што работодавците не можат да ги убедат вработените да дојдат на работа.
Компанијата за приватно таксирање Убер и кинескиот автомобилски гигант BYD планираат партнерство со кое ќе се распоредат 100.000 електрични возила на Кинезите во Европа и Латинска Америка. Кинезите нудат поволности околу цените, осигурувањето и финансирањето а почнаа да отвораат фабрики ширум светот.
4,5 милијарди долари во злато што беа во резервите на Централната банка на Аргентина, веќе не се таму. И не само што не се таму туку никој не знае / не кажува каде се.
Брисел веќе прави стратегија како ќе одговори ако се остварат најавите на Трамп за заштита на американската економија со давачки на увозните проиводи од ЕУ. Не им е сефте. Во првиот мандат Трамп удри по европскиот челик а овие вратија онаму каде што најмногу ги боли неговите гласачи: бурбон, Харли Девидсон и говедско.
Истиот 80-годишник кој минатата година се прослави по најавата дека сите пари ќе му ги остави на својот градинар, сега излезе дека нема да има нешто многу пари за оставање.
Сред работна недела директор на Ферари почнува да добива еден куп неочекувани пораки, и сите изгледаат како да доаѓаат од ЦЕО-то на компанијата кој нема врска со тоа.
Лас Вегас најверојатно ќе го добие новоотвореното место за проширување на НБА лигата, и тоа ќе чини историски многу пари, а како потенцијални инвеститори се редат милијардери, инвеститори претставувани од Леброн Џејмс, па до компанијата што е сопственик на Ред Бул.
Со додавање на осум милиони гледачи само во последниот квартал, Нетфликс сега има 277,7 милиони претплатници и стига до над 600 милиони луѓе низ светот. ЕплТВ+ не е баш таму.
Целосната екипа на Микрософт задолжена за ДЕИ (diversity, equity, inclusion), рамковниот за корпоративна Америка, од 1 јули остана без работа бидејќи веќе биле непотребни.
Некои од најголемите и највлијателни светски финансиери почнаа да вртат во Киев и да бараат Украина да почне да ги плаќа долговите што ги има кон нив по основа на обврзници.