Николас Пуеш го обвини поранешниот менаџер на неговото богатство дека е виновен за исчезнување на истото. Пуеш наводно имал 6 милиони акции во Ермес, вредни 13 милијарди долари, кои сега ги нема.
Целата оваа работа природно заврши на суд, меѓутоа судот во Женева одлучи дека нема докази дека финансискиот советник Ерик Фрејмонд го злоупотребил богатство на Пуеш или дека наследникот на Ермес бил некако измамен од него за време на 2-децениската соработка.
Пуеш тврди дека речиси сето негово богатство доаѓа од неговите акции во Ермес, но дека тој повеќе не ги поседува истите, ама тоа не го знаел до сега бидејќи Фрејмонд ги добивал сите банкарски извештаи.
Од 1998, Пуеш почнува да ги префла акциите од Ермес во швајцарски банки. Од тогаш тој му дава серија полномошни на Фрејмонд за надгледување на неговите сметки. Почнувајќи од 2001, акциите биле продавани, купувани и префрлани преку една од банките.
Некои си десетина години подоцна Бернар Арно, основачот на Луи Вутон, се обидува да стекне контрола врз Ермес и објавува дека поседува 23% проценти од акциите. Обидот е спречен од семејството што го поседува Ермес, а тогаш сомнежот е дека акциите на Арно доаѓаат од Пуеш.
Швајцарскиот суд во основа смета дека Пуеш сам си е виновен бидејќи никој не го спречил да му го одземе полномошното на Фрејмонд ако почувствувал дека е измамен.
Што точно се случува со уделот од 5,7% на Пуеш не е познато, ниту се знае дали тој се уште ги контролира акциите или не.