Таг: ермес

Наследникот на Ермес не знае каде му се 13 милијарди долари

Истиот 80-годишник кој минатата година се прослави по најавата дека сите пари ќе му ги остави на својот градинар, сега излезе дека нема да има нешто многу пари за оставање.

Роди ме мајко градинар и фрли ме во Ермес

Наследникот на империјата на Ермес, инаку внук на основачот на луксузниот бренд, наводно планира да го посвои својот 51-годишен градинар и хаузмајстор за да може да му го остави богатството од 11 милијарди долари.

Со папучиве што правиме?

Со другарка на почетокот на месецов бевме во Виена. И во таков град, каде што им се вкрстуваат патиштата на луѓе од цел свет, можеш да видиш секаква гардероба.

Ермес сака да ви продаде камен

Што ќе ми е камен? Се става над документи за да не ти се разлетаат. Буквално само камен? Не, и затоа е без "буквално" во наслов, има и кожно каивче на него. Кај им текнуваат вакви работи? Дел од "да не оди фира" програмата на Ермес, во која се искористуваат остатоците од производството на најразлични нивни продукти. И пошто е каменот со рециклирано каивче? Буквално 840 долари.

Најскапиот баскет на светот

За да го прослави отворањето на дуќанот во Беверли Хилс од 1.115 метри квадратни, францускиот бренд Ермес изработи син баскет кој во продавница чини - 12.900 долари.