Направени се само 2 вакви топки, кои се изработени од телешка кожа која е доволна јака за со нив да може навистина да се игра баскет. Топките се рачно шиени со иста технологија која се користи за изработка на Биркин торбите.
"Сината боја на баскетот го преставува небото, океанот и убавите базени кои се начин на живот во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија," објаснил директорот на американското претставништво на Ермес.
Иако се изработени само два примерока, од компанијата изјавиле дека примаат нарачки од сите заинтересирани.