Приходите од енергенси се најважниот извор на готовина за Кремљ и на него отпаѓаат една третина до една половина од вкупниот федерален буџет во изминатата деценија.
По почетокот на војната Западот воведе санкции на руските енергенси со цел да ги намали нејзините приходи. Русија ова го компензира со пренасочување на своите енергенси кон Индија и Кина каде ги продава по драстично поевтини цени.
Калкулациите на Ројтерс покажуваат дека руските проектирани приходи од гас и нафта за јуни годинава се 814 милијарди рубљи (околу 9,4 милијарди долари), споредено со 794 милијарди во мај и 529 милијарди во јуни 2023.
Се очекува и дека субвенциите што од буџетот им се исплаќаат на руските рафинерии месецов ќе бидат намалени за 60 милијарди рубљи. Овие субвенции се даваат за рафинериите да се поттикнат своите производи да ги продаваат на домашниот пазар.
За 2024 руската влада предвиде буџетски приходи од нафта и гас во вредност од речиси 20 милијарди долари, што е за 21% повеќе од 2023 кога пониските цени на енергенсите ги намалија буџетските приходи за 24%.