Бизнис

Германија од ведро небо откажа субвенционирање електрични возила

Шолц и неговиот заменик-канцелар Роберт Хабек објавија дека буџетот за 2024 ќе биде со мерки за штедење, меѓу нив и предвремено прекинување на еколошкиот бонус, субвенција за купување електрично возило во висина до 6.000 евра.

Аргентина нема веќе пари, ќе се оди на шок терапија

Новиот министер за економија на Аргентина, Луис Капуто, половина од своето прво телевизиско обраќање го потроши на објаснување како земјата се нашла во таква ситуација, зависност од задолженост, за која тој смета дека единствен лек е шок терапија.

Хамас направил милиони кладејќи се дека израелските акции ќе паднат?

Во деновите пред нападот од 7 октомври на берзата во Њујорк вложени се огромни суми пари кои се кладат на тоа дека во скоро време вредноста на израелските акции ќе падне.

БДП-то ја предаде ЕУ

Најголемиот менаџер на фондови во Европа, Амунди, очекува руската економија годинава да порасне три пати побрзо отколку онаа на еврозоната, за што главна кривица паѓа на неефикасноста на санкциите против Москва.

Русија годинава ќе ја заврши со суфицит од 75 милијарди долари

Како што само може да се очекува кога цел западен свет ќе го блокира извозот во твојата земја, но и понатаму ќе остане навлечен на твојата нафта и гас, и гнасно ќе ја плаќа, така Русија 2023 ќе ја заврши со блесав плус во трговијата со странство од 75 милијарди долари.

Зошто рубљата повторно е на западните наслови?

Во последниот период американскиот долар се држеше добро и цврсто. Покажа сила во однос на компетитивните валути на земјите од БРИКС, неговата вредност се држеше добро и во однос на златото. Единственото нешто кое не успеа е да го спречи зголемувањето на вредноста на рубљата која под жестоки санкции покажува извонредна жилавост.

Директорот за маркетинг на Анхојзер-Буш најнова жртва на Малвени

Првиот човек за маркетинг на Анхојзер-Буш за американскиот пазар поднесе оставка откако и шест месеци по егзибицијата со Дилан Малвени групацијата со целата своја маркетинг сила и понатаму не може да го запре крварењето во продажбата на Бад лајт.

150 милијарди против климата

Додека рајата по инерција се замајава со рециклирање или пак ги шмука оние одвратни картонски цевчиња за да ѝ се помогне на планетата, кај големиот бизнис сликата е сосема поинаква. Најголеми поединечни загадувачи кои нè приближуваат кон опасните нивоа на загревање се проекти кои се нарекуваат јаглеродни бомби. Е, во нив, големите банки истураат силни милијарди долари.

Авиокомпаниите стануваат банки

Системот за поени за често летање стана толку профитабилен за авиокомпаниите што во некои случаи, тој систем има поголема пазарна вредност од самата авиокомпанија. Со други зборови, авиопревозниците стануваат финансиски институции кои попат и летаат авиони. 

Најголемата банка во светот тргуваше преку УСБ стик

Целата трговија што ИЦБЦ ја правеше во четвртокот на најголемиот пазар во светот се вршеше преку УСБ стикови кои постојано патувале низ Менхетен.

Како Русија ги заобиколува санкциите за нафта и го полни буџетот

По неколку успешни месеци спроведување на ограничувањето на цената на руската нафта, сега сите од ЈПМорган до Светска банка се помирени дека санкциите на руска нафта веќе не функционираат, сето тоа поткрепено со бројки кои покажуваат намалување на рускиот буџетски дефицит.

Замрзнатите руски пари донесоа 3 милијарди евра за 9 месеци

Еуроклиар, белгиската компанија што ги чува замрзнатите руски милијарди, објави дека руското купче пари од јануари до септември годинава се зголемило за 3 милијарди благодарејќи на покачените каматни стапки, што е околу 10 пати повеќе од истиот период лани кога сумата порасна за некои си 347 милиони евра.

Електричните коли дигаат рачна

Соочени со растечки залихи и забавување на продажбата, битни директори од автомобилската индустрија неделава признаа дека не испаднало дека „струја ќе ни оди работата“ и дека нивните планови за електрични возила се покажале како преамбициозни, барем во догледно време. Скоро сите електрични денес се продаваат со попусти, ама и натаму тешко се продаваат.

Кина почна истрага против Фокскон, производителот на Ајфон

Основа за истрагата се даночни пропусти и користење на ресурси од страна на Фокскон, а кинеската даночна служба веќе влегла во погоните на компанијата во Гуандонг и Џиангсу, додека инспекторите за приодни ресурси упаднале на локациите во Хенан и Хубеи.

Милијарди долари западен профит заробени во Русија

Западните компании кои продолжија да работат во Русија и по почетокот на војната до сега имаат генерирано милијарди долари профит, но не и начин како да ги повлечат парите во својата земја.

Како Гармин ги преживеа технолошките гиганти?

Гармин, Дропбокс и уште неколку искусни фирми успеаја не само да опстанат туку и да пораснат иако во меѓувреме големите играчи директно им брцнаа во чинија со своите супериорни производи и сервиси за масовно користење. Го направија тоа со паметно ре-позиционирање. Се тргнаа малку од онаму каде што големите 'си ги мерат' и фатија да го собираат кајмакот од сегменти кои не беа покриени.

Од Онлифанс се прават страшно многу пари, посебно ако е твој

Секој работен ден во годината сопственикот на Онлифанс во просек си исплаќа по 1,3 милиони долари откако минатата година платформата (главно) за порнографска содржина стигнала до профит од 525 милиони долари.

ЕУ купува течен руски гас многу повеќе отколку пред војната

Европската унија се заколна дека драстично ќе го намали увозот на гас од Москва поради нејзината инвазија на Украина. Нешто подоцна,  податоците покажуваат дека купувањето на течен природен гас (ЛНГ) од руско производство не само што не е намалено, туку е зголемено за цели 40%. Зборуваат против инвазијата а ги полнат џебовите на Путин.

 

Кина дава жмигавец да ја претица Јапонија

Кина е на пат да ја престигне Јапонија и да стане најголемиот светски извозник на автомобили. Уште од лани, Кина ја гледа Германија во ретровизор. Една година пред тоа, беше претицана Јужна Кореја.

Русија ја заврши 2022 побогата од што ја почна

Додека низ Украина се разгоруваше војната, Русите успеале да додадат 600 милијарди долари на своето вкупно богатство, додека САД и Европа изгубија илјадници милијарди долари, тврди швајцарската УБС во својот годишен Извештај за глобално богатство.

Идната финансиска криза ќе биде создадена од вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција ќе биде во центарот на идните финансиски кризи а регулаторите нема да можат да ја менаџираат состојбата. Ова е пораката што ја испрати претседателот на американската комисија за хартии од вредност, Гери Генслер, веројатно најважниот и најмоќниот регулатор во САД во моментов.

Нвидиа доби нарачка од 5 милијарди долари од Кина

Интернет гигантите Баиду, Бајтденс, Тенсент и Алибаба имаат нарачано околу 100.000 чипови од Нвидиа од моделот А800 кои треба да им стигнат до крајот на годинава, а брзањето е да направат залиха додека САД не вовеле уште некоја забрана за извоз на чипови во Кина.

„Зелените“ трујат исто колку и „гадните“

Фамозниот индекс ЕСГ е една од клучните алатки за дисциплинирање на компаниите во поглед на нивниот еколошки скор, општествената одговорност и начинот на кој се упрвавуваат. Истовремено, тој индекс е главниот „скретничар“ на големите пари кои во последно време забрзано се одлеваат во „одржливи“ бизниси. Само што, фактите не се толку црно-зелени.

Европските компании имаат 100 милијарди евра минус од бојкотирање на Русија

Се работи за директна загуба што ја имаат најголемите европски компании од повлекување или прекинување на секаква соработка со Русија, а половина од сумата отпаѓа на енергетските и услужните дејности, покажува анализата на 600 годишни извештаи спроведена од Фајненшл тајмс.