Од компанијата објаснуваат дека почнало да им станува проблем тоа што се повеќе различни пазари низ светот почнале да воведуваат најразлични правила и ограничување за поседување и продажба на џебни ножеви.
Пример, во Англија и одредени азиски држави смееш да носиш нож само ако ти треба за работа или ако работиш надвор.
„Во градот пак, кога одиш на училиште, во кино или во шопинг, носењето џебно ноже е строго ограничено,“ објаснува ЦЕО-то на Викторинокс, Карл Елснер.
Тие наведуваат дека причина за ова е што ножот во одредени држави се повеќе го сметаат за оружје а не за алат, заради што работат на повеќенаменска алатка за одредени спортови (пример велосипедизам) која ќе биде без ноже.
Компанијата од 1884 ги произведува ножињата со швајцарското знаме.