Истата анализа, спроведена од британски Оксфам, покажала дека платите на ЦЕО-та посебно почнале да растат по крајот на пандемијата и во периодот од 2018 до 2022 се зголемиле за 31%.
„Правилата се местат и компаниите помагаат во местењето,“ објаснува Ирит Тамир од Оксфам, според кого оданочувањето на компаниите е намалено заради силното присуство на корпоративно лобирање.
Изминатава година во име на намалување на трошоците беа отпуштени десетици илјади луѓе од финансии, технолошка индустрија и медиуми, меѓутоа во исто време корпорациите имаат одлични резултати а ЦЕО-та примања. Пример, во исто време кога Мета објавува дека отпушта над 10.000 вработени, компанијата објави дека ќе откупи свои акции во вредност од 40 милијарди долари, а нешто подоцна и дополнителни 50 милијарди.
Во 2022, компаниите што ги анализира Оксфам достигнуваат рекорден откуп на сопствени акции во вредност од 681 милијарда долари.
Ситуацијата во која сме денес стигнати е неколкудецениски процес. Во 1970-те се протуркува концептот на приоретизирање акционери, додека во исто време слабее заштита на вработените како што се намалува и членството во синдикатите. Во 1980-те повторно се одобрува откупот на сопствени акции, кој до тогаш беше забранет како форма на манипулација, бидејќи им дозволува на компаниите вештачки да ја креваат цената на акциите. Во исто време корпоративните даноци паѓаат драматично заради даночни олеснувања кои почнуваат во времето на Реган, а се повторени и од Трамп.
„Сето ова создаде еден вид совршена бура во која компаниите станаа поголеми, корпоративната моќ почна да расте, а профитот го делат со се помала група на луѓе... додека останатите акционер и работници губат.
Има некои сигнали кои ветуваат, ама ако не тргнеме по нов пат, тогаш веќе сме влезени во Позлатеното доба,“ објаснува Тамир.
ЦЕО-та на компаниите од анализата во 2022 биле платени вкупно 4,1 милијарда долари, а само 5% од компаниите изјавиле дека на вработени има даваат плата која ги покрива животните трошоци. Кај најголемите компании продолжува да се зголемува разликата во плата, па така гапот во плата меѓу ЦЕО-то на Мекдоналдс и тамошен работник е 1.745 спрема 1, во Кока-кола е 1.594 спрема 1.