Се работи за досега невиден скок од 2.000% во британскиот извоз на автомобили во Азербејџан, а само во јануари годинава Британија во поранешната советска република има извезено автомобили во вредност од 43 милиони фунти.
За споредба пред 2022, Азербејџан ретко кога има влезено во топ 75 извозни дестинации за британски возила, а сега е 12-ти по вредност странски пазар за истите, пред Швајцарија, Канада и Шпанија.
Анализата на Скај њуз открила дека во истиот период се случува идентичен скок на извозот на автомобили од Азербејџан во Русија.
Просечната вредност на британски возила извезени во Азербејџан во јануари годинава била нешто над 115.000 фунти. Слична активност има и кај другите поранешни советски соседи на Русија како Казахстан, Ерменија и Грузија.
Соочен со бројките портпаролот на британското Друштво на производители и трговци на возила, објаснува дека тие немаат најдено докази дека возилата од Азербејџан се префрлаат во Русија и дека имаат докази дека „тоа сам по себе е пазар кој напредува“.
Наспроти ова се официјалните азербејџански бројки што ги цитира Скај њуз според кои БДП-то на земјата е рамно повеќе од 15 години и не надминува повеќе од 15.000 долари куповна моќ.