Овој тренд има две компоненти: напуштање на големи делови од британската елита од земјата и (рас)продажба на „семејното сребро“ - главно во Америка.
Последните податоци покажуваат дека британските милионери се пакуваат и заминуваат. Во 2024 година, се очекува 9.500 милионери да ја напуштат Британија. Ова ја става земјата на второ место по имиграција на милионери, зад Кина (15.200) и пред Индија (4.300). Но, кога бројките ќе се приспособат на населението, сликата целосно се менува. На 100.000 луѓе, од Британија заминуваат 14,2 милионери, од Кина 1,1 а од Индија само 0,3.
Како што заминува домашната елита, така американските фирми ги откупуваат британските бизниси. Не се работи само за звучни преземања како примерот со Преквин туку и за огромен број британски средни компании.
Зошто милионерите си заминуваат? Една од причините, без сомнение, е решеноста на лабуристите да го зголемат данокот на капитална добивка и да ја укинат дупката која менаџерите на фондовите ја користеа за да избегнат плаќање данок.
„Но, поважната причина е подлабока од тоа: тие намирисаа „крв во водата“. Чувството за пад на Британија сега е очигледно за секого“, пишува макроекономистот Филип Пилкингтон.
Вели, Британија ја прифати улогата само да ѝ терцира на Америка затоа што немаше избор. Сега, кога самата ѕвезда на Америка на светската сцена почнува да бледее, стаорците го напуштаат бродот што тоне и се враќаат во империјалната престолнина - носејќи со себе сè што не е заковано.
„За жал, Британците немаа избор ни за ова прашање. Мислеа дека нивните лидери се посветени на водење на државата, но тие испаднаа кариеристи кои само гледаат на кое следно место ќе се ухлебат“.