Бизнис

Бензинот треба да биде 100 евра/литар

Затоа што нема друго решение, ниту пак разбирање, за да се спаси планетата бензинот треба да поскапи на 100 евра за литар, порачува професорот Хумболтовиот универзитет во Берлин, Грегор Бахман.

Од Русија избегаа 253 милијарди долари капитал

Од почетокот на војната во Украина од Русија се повлечени рекордни 253 милијарди долари, барем според бројките на руската централна банка.

Сè оди накај рецесија

Водечките индикатори на индексот составен за следење на американските бизнис циклуси во јуни направија 15-ти месец како се во пад, најдолгата серија од рецесијата 2007-2009, сигнализирајќи дека американската економија е пред сам почеток на нова рецесија.

Ако ве интересира зошто пропадна Кредит Свис читајте во 2073-та

Истрагата на швајцарскиот парламент за колапсот на една од најголемите банки во светот, Кредит Свис, ќе остане запечатена во следните 50 години, се тврди до документ на парламентот.

Инвестирање во еко-компании е штетно за околината?

Инвестирањето во еколошко одговорни компании, не само што нема да ги решат предизвиците, туку во пракса може и да ѝ одмогнат на благородната кауза, пишува Метју Леш. „Кога компаниите со лоши еко - рефееренци стануваат гладни за капитал затоа што инвеститорите се опседнати со „одговорни“ компании, тие стануваат уште повалкани за да избегнат банкрот“.

Западните пари се кладат на Кина

Официјално, американските и европските инвеститори имаат вбризгано 500 милијарди долари во кинески акции и корпоративни обврзници. Но тоа не  ништо во однос на тоа колку американски и европски пари се слеваат во кинеската економија преку офшор дестинации кои ги контролираат големи кинески играчи. Тоа е цифра која се мери во трилиони.

Федералните резерви предвидуваат катастрофа на американските бизниси

Американските компании се наоѓаат во парадоксална ситуација. Заострување на финансиските политики ќе им донесе дополнителни проблеми а олабавувањето на тие политики нема да им донесе многу подобра атмосфера за бизнис. Федералните резерви проценуваат дека речиси 40% од фирмите имаат проблем и дека наскоро може да почнат да не плаќаат.

Русија ќе ги купува фирмите што не сакаат да работат во Русија

Наместо досегашното продавање на купувачот со најдобра понуда, западните компании што ќе сакаат да го напуштат рускиот пазар во иднина ќе можат да бидат купени од руската држава по повластена цена одредена од државата.

Инвестициските фондови што ги тераат коропорациите на самоубиство

Изминативе месеци некои од најголемите глобални корпорации со неизмерни системи на проверка и одлучување, решија да свртат од стандардните пораки и најдиректно да ја поддржат разбудената идеологија, посебно во делот на промоција на транс-права. Секој што го направи ова му се случи крах на берза од милијарди долари и по него пак излезе нова компанија што го повтори истото.

Руски нафта и гас не прекинаа да течат преку Украина

По илјадници загинати цивили и војници, неброени разрушени фабрики и домови, и градови срамнети со земја, Украина и понатаму дозволува руски нафта и гас непречено да минуваат преку нејзина територија, нормално заради профит и за себе и за Русија.

Зошто Кина нема данок на имот?

Заради финансиски проблеми дел од кинеските градови ги намалија платите на своите службеници, а беше намален и обемот на државното здравствено осигурување. Кога некоја локална власт ќе заглави во буџетски проблеми, централната власт интервенира за да ја спаси. И покрај ова земјата никако да се нафати да почне да наплаќа данок на имот, најлесното решение на овие проблеми.

Над Твитер бел чад, Илон најде новa директорка

Илон Маск во еден твит објави дека се повлекува од позицијата ЦЕО на Твитер, дека оди на позицијата ЦТО (технолошки директор), дека има најдено замена и дека е жена.

Епл продава повеќе часовници од цела швајцарска индустрија

Добрата вест за швајцарските производители на часовници е дека тие го најдоа својот сегмент на купувачи каде се раат од заканата од Епл и дека продажбата на Епл часовници бележи пад за 16%. Лошата вест е дека насловот и понатаму е точен.

За само 90 долари месечно вашиот нов Мерцедес може да побрза

Сопствениците на електрични Мерцедеси од моделите EQE и EQS во иднина за сосема симболични 60 или 90 долари месечно (во зависност од моделот) ќе може да си доплатат за нивниот нов автомобил да вози побрзо.

Кога времето ќе го претвориш во пари

Постои еден интересен концепт за размена во кој наместо со пари или добра, работата и услугите се плаќаат со време. Ти завршувам работа од пола саат, ти ми даваш два временски жетона од по 15 минути со кои можам да платам некој да ми заврши некоја друга работа за 15 или 30 минути.

Не мора да јадете колачи, ама помирете се дека сте сиромашни

Првиот економист на британската централна банка им порача на своите сограѓани дека е време народот во земјата да се помири со тоа дека е посиромашен и така да почне да се однесува, во спротивно цените ќе продолжат да растат.

Кредит Свис цело ова време одржувала сметки на нацисти од Втора светска војна

Речиси 100 сметки поврзани со германски нацисти и нацистички групи од Аргентина, сосема легално постоеле и функционирале во Кредит свис сите овие децении од завршетокот на Втората светска војна, а некои биле активни и до пред некоја година.

Трансџендер инфлуенсерот го издиша Бад Лајт

Пивскиот гигант Anheuser-Busch изгуби пазарна вредност од преку пет милијарди долари откако објави партнерство со ТикТок ѕвездата од транс-џендер провининенција Дилан Малвени. Сега пробуваат да ја менаџираат штетата од контра-реакциите и бојкотирањето.  

Војната во Украина ја дотера платата на ЦЕО-то на Ексон до 36 милиони долари

Благодарејќи на крвопролевањето на берзите, поддржано од крвопролевањето низ Украина, платата на првиот човек на Ексон мобил, Дарен Вудс, за 2022 е порасната за 52% и изнесува 35,9 милиони долари.

Да не знае нешто Ворен Бафет за Тајван што не знаеме?

ТСМЦ е кратенката за Тајван семикондуктор мануфактиринг компани, најголемиот производител на чипови во Тајван и во светот. Ворен Бафет, еден од најпрофитабилните инвеститори во светот, во февруари одлучи да ги продаде своите акции во ТСМЦ сред глобална криза и рекордна побарувачка на чипови.

Сомалија ќе печати пари првпат после 32 години

Централната банка на Сомалија порача дека прв приоритет ѝ е да отпечати нови банкноти од националната валута. Последен пат во државата тоа се направило во дaлечната 1991 година. Како луѓето плаќале во меѓувреме? Со фалц пари.

Југоисточна Азија ќе бега не само од доларот, туку и од Мастеркард и Виза

Главна агенда на последниот состанок на АСЕАН, организација која покрива околу 670 милиони луѓе, била укинување на зависноста на регионот од долари, евра и фунти, во меѓусебните трансакции и наместо тоа префрлање на локални валути.

Холандската централна банка го пријави првиот минус од 1931

Заради остриот скок на каматните стапки Холандската централна банка (ДНБ) минатата година ја завршила со минус од речиси половина милијарда евра, нешто што им се нема случено од 1931.

Драмите што ја завршија 166-годишната историја на Кредит Свис

Некогаш еден од столбовите на глобалниот финансиски систем, Кредит Свис груп АГ, по напнати 48-часовни преговори повеќе не постои, и за 3 милијарди швајцарски франци ќе се претопи во швајцарската банка УБС. За луѓето што ја следат банката, нејзиниот пропаст беше само прашање на време.