Информацијата доаѓа директно од Фарли кој на поткастот „Фули чарџд поткаст“ изјавува:
„Донесовме еден од Шангај во Чикаго и сега го возам веќе шест месеци. И не сакам да се откажам од него.“
Спид ултра 7 е луксузен електричен седан, кој е достапен исклучиво во Кина каде чини некои си 30.000 долари. Моделот има три верзии: СУ7, СУ7 Про и СУ7 Макс, од кои Макс верзијата минува 800 километри на едно полнење. Спид Ултра 7 беше најавен во декември минатата година, а прв пат се појави на пазарот во март.
Фарли не посочил која верзија ја вози, меѓутоа му признава на Шаоми за работата и популарноста на СУ7.
„Фантастично е. Продаваат по 10, 20 илјади месечно. Распродадоа за шест месеци.
Тие се индустриска сила и потрошувачки бренд кој е многу посилен отколку автомобилските компании,“ порачал Фарли.
Во 2023 на настан организиран од Морган Стенли, Фарли изјави дека Кина е најголемата закана за американската автомобилска индустрија, порачувајќи „ги гледаме Кинезите како главна конкуренција, не ГМ или Тојота. Кинезите ќе бидат големата сила.“