Во моментов АвтоВАЗ е фокусиран на „фундаментално различна голема платформа, врз која ќе се создаваат навистина големи автомобили од Д сегментот“, објаснува уредникот на рускиот „Зад воланот“, Максим Кадаков, за време на една обемна рецензија на Лада Аура.
Под Д сегмент на АвтоВАЗ влегуваат седани и каравани од типот на Суперб, Пасат, А4 и Ц класа.
Освен тоа Лада моментално работи и на караванот Лада Искра Крос, кој треба да се појави во продажба во првиот квартал на 2025, а ќе има 1,6 литарски мотор и 106 коњски сили.