Математиката е дека на секој 1 долар потрошен на кладење, кое сега е легализирано во најголем број од сојузните држави, нето инвестициите во акции и други финансиски инструменти паѓаат за 2 долара.
За да биде полошо ова е најприсутно кај финансиски најслабите домаќинства.
Иако гледано од далеку и едно и другото е кладење, само едното на успехот на спортски тим, другото на успехот на фирма, Блумберг објаснува дека првото сепак и наштетува на берзата и парите кои се во оптек на истата.
Друга нус-појава е што паралелно со растот на спортското кладење, раст бележело и трошењето на лотарии и други он-лајн хазардерски активност.
„Меѓутоа најголем удар доживува сопственоста на акции.
Парите кои инаку би оделе на разумни до ризични финансиски инструменти сега масовно биле префрлани на долгорочни облози каде веројатноста за добивање е пониска.
По пат, дополнително страдаат оние кои се задлабочиле во кладење на спортови и покрај финансиските проблеми што ги имаат, што довело до раст на долгот на кредитните картички,“ пишува Блумберг.