Џабе стануваш директор, ако не станеш вака директор

Старбакс деновиве објави дека нашле нов ЦЕО по име Брајан Никол, кој го украдоа од ланецот на ресторани Чипотле, и тоа со понуда од 113 милиони долари, плус, до сега нечуена повластица во американскиот корпоративен свет, можност да работи од дома.

113-те милиони долари на Никол вклучуваат 10 милиони долари за потпишување за Старбакс, 75 милиони долари во акции од компанијата, а почнувајќи од 2025, и акции од компанијата во вредност до 23 милиони долари годишно.

Никол секако ќе работи и за плата, па плус на овие пари е плата од 1,6 милиони долари годишно, и бонус, во зависност од сработеното во износ од 3,6 до 7,2 милиони долари.

Најголемиот бонус, вон парите, за Никол е што на писмено има дека нема да мора да се пресели во седиштето на компанијата во Сиетл, иако се согласил да доаѓа ако ептен нешто згусти. Никол кој моментално живее во Калифорнија, додека не добие втора резиденција во Сиетл, целото сместување таму и превоз ќе му бидат покриени од компанијата, а Старбакс ветил и дека на свој трошок ќе направи и мала канцеларија во Њупорт бич, каде што моментално живее.

Претходникот на Никол, беше избркан од работа по 17 месеци откако вредноста на акциите на Старбакс падна за 23,9%.

Кај својот претходен работодавец, Чипотле, Никол доведе до раст на акциите за 800% и зголемување на профитот за седум пати.

20 август 2024 - 10:28