Размената на пораките е на Вотсап, меѓутоа не од вообичаениот број на ЦЕО-то Бенедето Винја, и со поинаква профилна слика иако и на нејзе е сликата на Винја пред логото на Ферари.
Во едната од пораките пишува дека компанијата подготвува голема аквизиција и ќе биде потребна помош од конкретниот директор. Во друга, стои дека ќе треба да се потпише нов договор за доверливост и дека на директорот ќе му бидат испратени документите од адвокат.
По ова следува телефонски разговор во кој биле искористени дипфејк алатки за измамниците да успеат да добијат пристап до внатрешната инфраструктура на Ферари.
Единствена причина зошто Ферари куртулува од поголем зијан и блам е затоа што директорот кој разговарал на телефон почувствувал дека нешто не е во ред, иако копијата на гласот на Винја била сосема автентична на оригиналот.
Дипфејкерот прво му објаснил на директорот дека се јавува од друг број затоа што требало да разговара нешто доверливо, зделка која би можела да реши одредени проблеми со Кина и која бара да се спроведе одредена трансакција.
Ова му паѓа сомнително на директорот, и тој почнува да внимава на повеќе детали и на гласот на измамникот.
„Извини Бенедето, ама ќе мора да те идентификувам,“ е репликата на директорот која го спасува Ферари.
Директорот тогаш го прашува како се вика книгата што тој му ја препорачал неколку дена претходно (книгата е „Decalogue of Complexity: Acting, Learning and Adapting in the Incessant Becoming of the World by Alberto Felice De Toni“). Во тој момент измамникот го прекинува телефонскиот разговор, а Ферари отвара внатрешна истрага.
Иако овој и други дипфејк напади не се успешни, на почетокот од годинава имаше успешен напад во кој на мултинационална компанија и беа украдени 26 милиони долари откако измамници успеаа да ги прелажат вработените во филијалата во Хонгконг преку дипфејк.