Според Друкенмилер, изминативе 12 дена, пазарите изгледаат многу убедени дека Трамп ќе биде победник, а тоа се гледа и во акциите на банките и во криптото.
Тој порачува дека нема да гласа ни за Трамп, ни за Камала, затоа што првиот не е доволно пристоен за да биде претседател, додека мандатот на Харис, ќе биде лош за бизнисот.
Друкенмилер повеќе од една деценија ги менаџираше парите на Џорџ Сорос, а меѓу другото и лично ја финансираше кампањата на Ники Хејли против Трамп.
Тој предвидува дека е „екстремно малку веројатно“ дека демократите ќе добијат контрола врз Конгресот, дури и ако Харис го освои претседателскиот мандат. Неговите процени се дека е многу поверојатна доминација на републиканците, отколку Трамп да ја земе Белата куќа, а демократите Конгресот.