Шреја лајф сајансес е сместена во северен Мумбај и од април до август годинава успева да извезе 1.111 сервери од Дел. Се работи за моделот Пауереџ ИксЕ9680, кој во себе ги вклучува моќните Х100 чипови на Нвидиа наменети за вештачка интелигенција.
Вредноста на пратките се проценува на некои си 300 милиони долари и се увезени од две руски трговски компании.
Во Индија серверите биле директно увезени од Дел интернешнл, и тоа околу 1.400 парчиња од почетокот на годинава до август 2024. Увозот во Индија се прави преку Малезија.
Сета оваа трговија се одвива легално бидејќи Индија не е дел од блокот на САД и ЕУ што воведе санкции против Москва. Но и покрај тоа, како американска компанија, Дел официјално не дозволува неговите уреди да се продаваат во Русија. Иако за серверите дури сега се дознава, сето ова време Индија најотворено увезува руска нафта која инаку беше бојкотирана од европските држави.
До сега главни осомничени за ре-експорт во Русија беа Кина, Турција и Емиратите.