Џо Бајден ги исполни своите закани и драстично ги зголеми царините на дел од увозот од Кина, што во САД се третира како составен дел од предизборната војна Бајден-Трамп, но во основа е многу важна порака дека идејата за глобална слободна трговија е дефинитивно мртва.
„Бајден демонстрира ретко видено ниво на предизборно лицемерие, бидејќи самиот почна да води ирационална политика која многу рационално ја исмеваше пред само 4 години, кога ја спроведуваше Доналд Трамп. Потезите на Бајден откриваат длабоки структурни, политички и економски слабости на најголемата светска велесила“, пишува Гојко Дрљача.
За да може да ја вози приказната дека ги штити работните места во американската индустрија, Бајден прогласи нови тарифи од 7 до 100 посто за голема палета кинески производи: на батерии 25% (иста тарифа важи и за челик и алуминиум), на соларни ќелии 50%, на електрични автомобили 100 посто.
Се работи за огромни намети за да се елиминира странската конкуренција. Истите потези на Трамп не вродија со резултат, ниту кога се работи за американскиот трговски дефицит со Кина, ниту кога станува збор за растот на американските долгови. Напротив.
Поради овој трампистички потег на Бајден, зелената агенда драстично изгуби на цена во претседателската трка бидејќи актуелниот претседател ќе мора да објасни зошто најдоброто еколошко решение, електричните коли, сега ќе мора да бидат дупло поскапи ако се од Кина.
Трамп започна некои трговски војни но Бајден наплати многу повеќе тарифи од него: Доналд Трамп 89 милијарди долари, Џо Бајден 144 милијарди.
„Бајден се позиционираше во глобален шампион на назадниот и брутален трговски протекционизам,“пишува Дрљача.