Наместо БДП - бруто домашна интелигенција?

Бруто домашниот производ наскоро би можел да биде заменет или придружен од нов индикатор кој би бил битен за инвеститорите при донесување одлуки. Новиот економски индикатор се предлага како клучен параметар за проценка на националната и индустриската конкурентност и ја мери достапноста на ресурсите за вештачка интелигенција на национално ниво. 

Со влегувањето во 2026 година, вештачката интелигенција престана да биде исклучиво технолошка новина и стана клучен стратешки капитал што ја обликува економската конкурентност, но и воените способности на државите.

Според податоците од Морган Стенли кои анализирале 3.600 акции, дури 21% од компаниите од индексот кој ја следи вредноста на акциите на 500 најголеми компании котирани на американските берзи, денес посочуваат конкретни предности од користењето на вештачката интелигенција, што е значителен скок во споредба со 10% во 2024 година.

Пазарот повеќе не го почитува самото „спомнување“ на вештачката интелигенција и нејзиното декларативно прифаќање, туку бара јасни докази за нејзина монетизација, велат аналитичарите.

По ова, како и по неодамнешните изјави на првиот човек на Нвидиа, Јенсен Хуанг, дека „компјутерската моќ е новата економија“, Морган Стенли предлага воведување на концепт на „бруто домашна интелигенција“ (БДИ) како клучен параметар за проценка на националната и индустриската конкурентност.

Овој економски индикатор би ја мерел достапноста на ресурсите за вештачка интелигенција на национално ниво, фокусирајќи се првенствено на инфраструктура како што се графички процесори, мрежна опрема и центри за податоци.

Според проценките на експертите, инвеститорите би можеле многу скоро да почнат да го користат БДИ како неизбежен фактор при донесување инвестициски одлуки. 

Според сегашните проценки на БДИ, доминираат САД кои контролираат голем дел од вкупната светска компјутерска моќ за вештачка интелигенција. На второ место е Кина. Кога податоците се гледаат на ниво на корпорации, американската доминација е уште поизразена.

 

 

12 април 2026 - 22:32